Две лица од Радовиш добиле кривична пријава поради сомнение за сторено дело „кражба“, откако краделе дрва од шумско претпријатие.
„Полициска станица Радовиш поднесе кривична пријава против две лица од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Имено во времето од 15.00 часот на 22.07.2019 година до 08.00 часот на 23.07.2019 година, пријавените со возила, во неколку наврати отишле на месноста викана „Јорданина Чешма„ на планината Плачковица и одзеле букови дрва во сопственост на ЈП „Национални шуми“,- известуваат од МВР.