Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против две лица од село Куклиш, Струмица за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
Првопријавениот прибавил банкарски податоци од платежната картичка сопственик од Радовиш, по што на 23.03.2019 второпријавениот, ги употребил ваквите податоци, и во три наврати, преку интернет сервисот на „PaySend“, извршил пренос на пари на сопствената сметка.
По ова, на 24.03.2019 година од банкомат во Струмица, истиот ги подигнал паричните средства, и половина од износот му дал на првопријавениот.