• Услови за користење
  • Импресум

ПОДГОТОВКИ ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ

Традиционално и оваа година во недела на 19.01.2020 год. ќе биде одбележан верскиот празник Богојавление (Водици), во организација на Македонската православна црква – Брегалничка епархија, во соработка со општина Радовиш.

Пред големиот празник Водици, вчера во просториите на храмот „Света Троица“ се одржа состанок со цел на продолжување на Богојавленската традиција во општина Радовиш и за избор на нов кум за Богојавление.

Заедно со свештениците и присутните гости, за нов кум на манифестацијата „Богојавление – Водици 2020 година“ беше предложен г.Горан Поцев, кој со задоволство го прифати предизвикот.

Кумството ќе му биде предадено од страна на овогодинешниот кум г.Ѓорги Ристов, следната година кум на оваа манифестација ќе биде г. Зоран Мицев.

Нека му е честито и од Бога благословено кумството на новиот кум. Бог нека им дарува мир, спокој и благосостојба на неговото семејство и на сите граѓани на општина Радовиш.

Сите оние кои ќе сакат да учествуваат влегувајќи во водите на базенот по Светиот господов крст во водата , потребно е да се пријават во Црквата „Св.Троица“ , но и да имаат лекарска потврда за здраствената состојба.


 


Related Articles

Временска прогноза