ЛЕВИЦА, ВО КОАЛИЦИЈА СО ВМРО-ДПМНЕ

Партијата Левица потврди дека влегува во коалиција со десничарската ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје, каде што парламентарната опозиција ќе го има мнозинството, со 24 советници.

Освен Левица, која има четири советници, во новото мнозинство, покрај десничарската ВМРО-ДПМНЕ (18 советници), ќе учествува и исто така десничарската коалиција Алијанса/Алтернатива, која освои две советнилки места во Градското собрание.

 

Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица се официјализира во Советот на град Скопје откако двете партии објавија дека опозицијата сега ќе има мнозинство во него. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Митева, на денешната прес-конференција соопшти: „Ја информираме јавноста дека парламентарната опозиција во македонското собрание има апсолутно мнозинство во Советот на Град Скопје со 24 советници од вкупниот број што изнесува 45“.  Таа рече и дека Советот ќе функционирал по принципот на соработка за програмски проекти и нагласи дека СДСМ и ДУИ сега се опозиција во Град Скопје.

И Левица во официјално соопштение ја потврди оваа соработка. „Официјално ДУИ и СДСМ ја изгубија локалната власт во главниот град. Парламентарната опозиција обезбеди мнозинство во Советот на Скопје“, наведоа од партијата.

Левица има четири советници, а на овие две партии им се приклучуваат и двајцата советници на Алијанса/Алтернатива.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Погледнете повеќе

Повеќе информации