• Свет
  • Услови за користење

ЛЕДЕНА ЗИМА ВО ЕВРОПА, ПА ТОПЛА ГОДИНА- НАЈАВА НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ

Научниците од американската Национална управа за океан и атмосфера, предупредуваат дека наскоро ќе се формира феноменот „Ел Нињо“, кој дополнително ќе влијае на екстремните временски услови ширум светот.

Од американскиот центар за предвидување на климата велат дека шансите „Ел Нињо“ веќе да почнал да се формира се 89%. Процесот на негово формирање ќе трае до крајот на февруари 2019 година.

Влијанието на „Ел Нињо“ настанува за време на флуктацијата на ветриштата и температурите на водата во тропскиот дел на Тихиот океан. Самиот термин на шпански јазик значи „мало момче“ и се однесува на малиот Исус, затоа што ефектите на „Ел Нињо“ најмногу се чувствуваат за време на Божиќ.

„Со „Ел Нињо“, многу е веројатно 2019 година биде најтоплата година досега“, изјавила Саманта Стивенсон, климатологот од Универзитетот во Калифорнија за „Национална географија“.

Од година во година, просечните температури растат ѝ во последните четири години се забележани рекордни високи температури.

Последнот „Ел Нињо“ е забележан во 2016 година, а поврзан е со големите суши во Африка, Јужна Америка и делови на Пацификот и југоисточна Азија, како и пожарите во Индонезија и Канада.

Метеоролозите велат дека мали се шансите овој природен феномен предизвика глобални последици, но сметаат дека и понатаму би можел да создаде опасни временски услови во ранливи подрачја ширум светот.

Британците стравуваат дека „Ел Нињо“ ќе им донесе студена зима. Британските метеоролози најавуваат формирање на поларен вортекс над земјата и предупредија на драстичен пад на температурите на крајот на годината и во втората половина на зимата.

Според нивните изјави, природниот феномен кој настанува во топлите води на Пацификот, ќе предизвика подигање на топлиот воздух, кој за возврат ќе влијае, студениот воздух стигне до Велика Британија.

Нискиот атмосферски притисок кој се развива над Атлантикот, ќе се судри со студениот воздух ширум Велика Британија, што во некои делови би можело да доведе до дожд и снег, предупредуваат научниците.

 



 

 




Related Articles

Временска прогноза