ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ -летото конечно пристигна

Многу топло и сончево време со мала локална облачност ќе преовладува денеска во Радовиш.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 33 степени што е знак дека летото конечно стаса на нашето подрачје.

И во останатиот дел од Македонија исто така, ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во попладневните часови на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи.

УХМР известува дека денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачост. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=9

Утре и во среда ќе имаме претежно стабилно и многу топло време со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации