Билката од фамилијата на мешунките е моќно средство за намалување на нивото на холестерол во крвта, а помага и во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта.
Како и другите билки од фамилијата на мешунки, леќата (Lens culinaris) содржи голем дел на белковини и нутритивно е вредна храна. Од индустриски популарни билки единствено сојата има поголем процент на белковини од леќата. Протеините од леќата, содржат есенцијални аминокиселини изолеуцин и лизин поради кои е вреден извор на белковини. Калориски, леќата обезбедува 353 калории во 100 грама. Кога се вари има енергетска вредност од 230 калории во 100 грама. Во сувата состојба (во 100 грама) содржи 60 грама јаглени хидрати (31 грам влакна), 26 грама белковини, еден грам маст, 10 грама вода
Од витамините, леќата е богата со витамин Б1 и Б9, а од минералите содржи големи количини на железо, магнезиум, фосфор, манган, цинк и калиум.
Преставува мало и силно средство за намалување на нивото на холестеролот во крвта, пред се благодарение на големото количество на диеталните влакна кои ги содржи, како растворливи, така и нерастворливи. Во исто време е одлично средство против запек како и во превенцијата на пореметување на варењето на храна како што е дивертикулоза и синдром на надразнати црева. Одлично го одржува нивото на шеќерот во крвта, што е битно за луѓето кои се заболени од дијабетес. Леќата има големо влијание за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Но, има и некои лоши особини, на пример содржи релативно големо количество на фитати. Трипсин е ензим кој има улога во варењето на храната, а фитатите ја намалуваат апсорпцијата на минералите од леќата. Поради ова, пред варењето, леќата се потопува во млака или топла вода преку ноќ, со што содржината на фитатите се намалува. Леќата содржи и големо количество на пурин, па не се препорачува за луѓе кои се заболени од гихт.
Потекнува од Блискиот исток, а во исхраната се користи уште од камено доба. Се одгледува поради семките кои имаат облик на леќа. Најголеми светски производители на ова билка се Канада, а потоа следат Индија, САД, Турска и Австралија. Постојат различни видови со различна боја (жолта, зелена, кафеава и црна). Се вари околу половина час.
Леќата може да се подготвува и без претходно да се потопува во вода и да седи преку ноќ, но ова постапка сепак се препорачува. Кога ќе ја исцедите, ставете во неа три пати повеќе вода од количината на леќата и ставете ја да се вари. Во зависност од видот, леќата се вари од 10 до 40 минути. Зелената леќа, која е најмногу застапена кај нас, се вари околу половина час. Прво нека водата зоврие, потоа се намалува температурата и се поклопува садот во која се вари леќата. За салата од леќа доволно е пократко варење.
Најдобро е да се комбинира со оризот. Кога се подготвив со месо, добро оди со свинско или пилешко месо. Во салатата леќата добро оди со сечкана свежа црвена пиперка и свежо зачински билки. Варената леќа можете да ја послужите со тестенини и барени брокули со малку лук, ѓумбир и маслиново масло.