• Услови за користење
  • Импресум

ЛИЦАТА КОИ ГО ФАТИЈА КРСТОТ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ

Денес беше одржан прием на лицата кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во населените места во општина Радовиш, од страна на Градоначалникот Герасим Конзулов

Посакувајќи им многу здравје, среќа, бериќет и успеси на секое поле, Градоначалникот на лицата им подари 10” Таблети.

Наградени беа следните момчиња: Раде Ефтимов (Раклиш), Васе Василев (Ораовица), Христијан Коцев (Подареш), Филип Митев (Јаргулица), Мите Темчев (Покрајчево), Кристијан Ефремов (Злеово), Филип Митев (Калугерица)

Инаку подарокот (ЛЦД Телевизор) за лицето Стојанче Вучковски, кое го фати крстот во Радовиш, беше доделен на самиот настан на 19.01.2020 год.      


 


 

 

Related Articles

Временска прогноза