• Услови за користење
  • Импресум

РАДОВИШАНКА НАСТРАДАЛА НА КРСТОСНИЦА ВО СТРУМИЦА -возило удрило во пешаците и го напуштило местото

На 23.01.2020 во 14.30 часот на крстосница од булевар „Маршал Тито’’ и улица „Ленинова’’ во Струмица, возило удрило во пешаците М.Б. (61) од Радовиш и В.А.(57) од Струмица, по што го напуштило местото.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила В.А., а со телесни повреди се здобила М.Б., по што биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

 

Информираат од СВР Струмица

 


 


 

 

Related Articles

Временска прогноза