• Македонија
  • Услови за користење
  • Импресум

МАКЕДОНИЈА УТРЕ ГИ СЛАВИ ДВАТА ИСТОРИСКИ ИЛИНДЕНА

Македонија утре ќе го одбележи Денот на Републиката „2 Август“ почетокот на Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ – 2 Август 1903

ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ – 2 Август 1903

Julkaissut Radovis News Tiistaina 31. heinäkuuta 2018

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

АСНОМ – 2 Август 1944

АСНОМ – 2 Август 1944

Julkaissut Radovis News Tiistaina 31. heinäkuuta 2018

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза