На 09.07.2025 во 21.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на локален пат кон село Бучим, радовишко, 14-годишен малолетник од с:Бучим, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.
*фото Архива

