Манифестација „МЕДЕН РАДОВИШ“. Традицијата преку здрава храна!

Во склопот на одбележувањето на патронот на градот Радовиш Св. Спасо радовишки и оваа година по четврти пат ќе биде организирана и манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“.

За одбележување на празникот е предвидена богата програма, а ќе бидат претставени производи од здрава храна,  пчелните производи од страна на локални пчелари од општините Радовиш и Конче, како и изложувачи гости од други општини од Република Македонија

Отворена покана до сите кои сакат да бидат дел од оваа манифестација „Меден Радовиш“, да дојдат ги вкуста и пробат производите на оваа традиционална манифестација – упатуваат од организаторот.

„Да ја чуваме традицијата преку здрава храна – од нашите дедовци и баби наследивме вкусови, од природата добиваме здравје.“

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации