Одржана манифестацијата„Обредните лебови во народниот календар кај македонците и турците во Радовишко“
Во организација на ОЖ „Женска Акција“ а со поддршка од општина Радовиш и Министерството за култура, како дел од одбележувањето на јубилејот „1000 ГОДИНИ РАДОВИШ“, вчера 13.06.2019 год. – Четврток на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“, се одржа манифестација „Обредните лебови во народниот календар кај македонците и турците во Радовишко“.
Плоштадот беше исполнет со прекрасни фотографии, обредни лебови, многу фолклор и прикажување на одредени традиции од нашиот крај.
На манифестацијата се претставија фолклорните групи на здруженијата на пензионерите и групите од Ињево и Конче. Инаку настанот беше збогатен и со присуството на делегациите од општина Тетевен од Република Бугарија, предводена од Градоначалничката Д-р Мадлена Бојаџиева и професори од Република Турција.
Манифестацијата ја отвори Градоначалникот на општина Радовиш, Г-дин Герасаим Конзулов.