И оваа година планинари од Струмица, Штип, Валандово, Радовиш и Гевгелија деветнаесетти пат маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.
Маршрутата и годинава планинарите ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски, каде положија цвеќе и со едноминутно молчење му оддадоа почит.
-Патот е долг околу 200 километри кој ќе го поминеме во неколку етапи и в понеделник на 26 февруари, на денот на загинувањето на претседателот Трајковски, на неговиот гроб во Скопје ќе положиме цвеќе.
-Со маршот му оддаваме неизмерна почит на нашиот претседател Борис Трајковски и сите треба да сме горди што тој беше наш сограѓанин, претседател и затоа маршот не може да се опише со зборови, туку треба да се доживее – истакнаа учениците на маршот.
Освен до Скопје, педесетина планинари од земјава и Бугарија во сабота и недела ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие ќе се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови