МВР БИЛТЕН: ФИЗИЧКИ НАПАД И АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ СО ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

На 30.10.2022 година во 22.00 часот во Полициската станица Радовиш, Д.Ј.(19) од Радовиш пријавил дека околу 20.30 часот на ул.„Плачковица“ во Радовиш бил физички нападнат од М.„Н“.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.10.2022 во 21.10.часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.Т.(22), Н.Т.(25), М.С.(25), тројцата од Радовиш и З.Н.(21) и Ј.Х.(20) од село Василево, струмичко, затоа што околу 21.00 часот агресивно се однесувале со полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Радовиш и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струмица
*фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации