Со богата програмска содржина вчера на Плоштадот Св. Спасо радовишки започна овоодишната манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“.
Настанот имаше чест да го отворат Градоначалниците на Општините Радовиш и Конче, г-дин Ацо Ристов и г-дин Златко Ристов, од каде што се и учесниците на манифестацијата.
„МЕДЕН РАДОВИШ“- манифестација на која пријавените излагачи во периодот од 18,19 и 20 август 2023 година се дел од регионалните туристички промотивни денови во градот Радовиш на локација-централно градско подрачје на Плоштадот Св. Спасо Радовишки. Манифестацијата е предвидена во деновите каде се одбележува чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.
Покрај изложувачите на здрави еколошки производи, производители на мед и производи од мед, производители на други земјоделски производи, производители на локална храна и специјалитети и НВО што работаат во областа на туризмот на плоштадот вчера младите уметници од Друштвото за ликовни уметници ДЛУР Рада од Радовиш имаа „ликовна колонија“ каде што на тема „Вредна пчелка“, а исто така и учениците од ООУ „Крсте П. Мисирков“ пред присутните посетители и гости имаа можност да го претстават својот проект „Пчелите не познаваат граници“. Настанот исто така беше збогатен со настапот на Фолклорните уметнички друштва КУД „Конче“ од Конче и ФК „Злевски Бисери“ од Злеово.
Организаторот Ве поканува и денеска да ја посетите манифестацијата и да бидете дел од „Меден Радовиш“ и чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.




























