И оваа година ќе биде одржан Меморијалниот алпинистички собир „Зоран Мајсторски“

Почитувани,

Ве покануваме на 2 и 3 ноември заеднички да му оддадеме чест и да ја продолжиме традицијата и љубовта кон алпинизмот, како што тоа несебично го правеше нашиот пријател и колега алпинист Зоран Мајсторски.

Меморијалниот собир ќе биде со слободен качувачки карактер, отворен за сите качувачи, љубители на природата и спортот. Учесниците треба да бидат во добра психофизичка форма.

За време на собирот, алпинистичкиот дом ќе биде на располагање со капацитет за 10-12 лица, опремен со кујна и инвентар за употреба. Како дополнителна опција, достапен е и простор за поставување шатори во близина на домот.

 

Ве замолуваме за време на качувањето да внимавате на вашата безбедност и на безбедноста на останатите учесници, а отпадот да го оставате во предвидените канти за отпадоци.

Контакт за информации и резервации:

Гоце Јовановски 072225133
Борче Ѓоргиев 078570093

“Врвовите ќе останат неискачени, иако сега си далеку повисоко од нив.

Вечна ти слава!”

 

Со почит, АК Плоча и Македонска алпинистичка Федерација

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации