ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАК НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО (КРК)

Имате над 50 години? Имате фамилијарна историја? Направете преглед за рано откривање на ракот!

 

Рак на дебело црево или колоректален карцином (КРК) е карцином на дебелото црево и/или ректумот. Тој е честа појава и кај жените и кај мажите. Скрининг е метода за откривање на болест пред да се појават симптомите.

Скринингот овозможува откривање на ракот во рана фаза пред да стане инвазивен, истиот се однесува на луѓето со просечен ризик (како и општата популација).

Иако теоретски се достапни широк спектар на различни скрининг методи за колоректален карцином, истражувањата кои имале за цел да го идентификуваат најефективниот скрининг протокол за употреба во општата асимптоматска популација, покажале дека главно се предлага тест за детекција на окултното крварење или таканаречен (ФОБ-тест).

 

Институт за јавно здравје

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации