• Услови за користење
  • Импресум

ПРИВЕДЕНИ 26 МИГРАНТИ НА ПАТОТ КУМАНОВО-КРИВА ПАЛАНКА

На магистралниот пат Куманово–Крива Паланка во саботата околу 21,00 часот во товарно моторно возило „ДАФ“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки, полицијата пронашла 26 мигранти, сите од Бангладеш, од кои осум биле малолетници.

Како што информираа од МВР, товарното возило било управувано од лице од Радовиш.

Возачот и мигрантите биле приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка, а потоа мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар Табановце.

 


 

Related Articles

Временска прогноза