• Македонија
  • Услови за користење

МИНИМАЛНО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА, БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПИ ЗА ПОЛОВИНА ДЕНАР

Регулаторна комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат од полноќ.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар за литар. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар за литар. Со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 денари за литар.

Мазутот М-1 НС се намалува за 0,388 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,957 денари за килограм.

 




 


 


 



 

Related Articles

Временска прогноза