МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА РАДОВИШ

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска вчера го посети Радовиш  каде што оствари средба со градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на Советот Коле Чаракчиев и Пратеничката Милевка Горѓиева и претставници од Советот на општина Радовиш.

На оваа средба беше разговарано за актуелната состојба и пристапувањето на Македонија во НАТО, како и започнувањето на преговори со ЕУ.

 „Задоволство ми е денес што сум во Радовиш каде што можам да истакна дека сме на прав пат и ја добиваме шансата да бидеме дел од двата најмоќни и најуспешни сојуза, Македонија секој ден добива околу 260 илјади евра неповратни средства од Унијата, но и дека како членка Македонија многу повеќе европски пари ќе може да искористи за улици, за бизниси, за подобро образование, за подобра социјална заштита“ – истакна министерката Шекеринска.

 

Во текот на посетата Министерката Шекеринска оствари посета и средба со вработените од Министерството за одбрана во Радовиш, со пензионерите која се одржа во просториите на Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче, а исто така оставари посета на спортската сала во Радовиш каде што имаше средба со спортистите и спортските работници.

 


 




 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации