Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ вчера беше во посета на општина Радовиш.
Градоначалникот Герасим Конзулов и Министерот Шапуриќ, разговараа на повеќе теми за подобрување на економскиот раст и постојаната комуникација со бизнис заедницата, како и за мерките на поддршка за странските и домашните инвеститори, исто така посетија неколку компании во Радовиш.
Министерот Шапуриќ истакна дека владината политика за економски раст ќе продолжи и ќе се надградува во понатамошниот период, како и определбата за постојана комуникација со бизнис заедницата за секоја од економските сфери. Секако дека и патот на Македонија кон ЕУ и НАТО ќе доведе кон унапредување на бизнис климата и темпото на инвестирање.