МИЦКОСКИ: КОАЛИЦИЈАТА „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ЗАСТАНУВА ЗАД БРАНОТ НА ПРОМЕНИ ЗА СТАБИЛНА И СИЛНА МАКЕДОНИЈА

Промените се во ваши раце – им порача Христијан Мицкоски на граѓаните по формирањето на предизборната коалиција и ги повика на масовна излезност бидејќи седењето дома според него, е глас за оние кои во последниве седум години ја уништиле државата. 24 партии и организации се обединуваат под слоганот „Твоја Македонија“ – коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нивната битка, како што рече Мицкоски, ќе биде битка за сеопшт политички, економски, социјален и културен развој.

Свесни за сериозноста на предизвиците пред кои е исправена Република Македонија во битката за сеопшт политички, економски, социјален и културен развој;Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување.Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“ – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Предуслов за вкупен развој на татковината според Христијан Мицкоски е праведноста во општеството – коалциијата СЕ обврза дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираа акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт.

Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се Основниот концепт за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и развој на креативноста на личноста – додаде Мицкоски.

Прашан за непоколебливиот оптимизам на Димитар Ковачевски, Мицкоски вели не очекува тој да развее бело знаме и да се предаде, но јасно било дека на меѓупартиски состаноци СДСМ си лицитирале со бројки колкав ќе биде поразот. За пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски смета дека покажала вонсериска цврстина, обединетост и хомогеност…..Оттаму и веројатно доаѓа одлукаата, најголем број од актуелните пратеници повторно да се најдат на изборните листи.

 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации