МИЦКОСКИ ОД РАДОВИШ: НОВАТА ИДНИНА Е НА ДОФАТ, ПОТРЕБЕН Е САМО УШТЕ ЕДЕН ИСЧЕКОР

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРОДПМНЕ на вчерашната средба со граѓаните во општина Радовиш потенцираше дека новата иднина која ја ветуваат е влез во Европската унија без уцени и пазарења од кои граѓаните ќе се срамат, односно како што вели тој без подголтнување и грутка во грлата кога ќе сведочиме за цената која сме ја платиле, како што тоа е сега.

Новата иднина е на дофат, потребен е само уште еден исчекор, уште еден значаен потега тоа е на 31 октомври. Зад параванот за гласање вие ја имате силата, вие сте силата на Македонија, вие сте силата на Радовиш а ние сме вашиот глас во институциите, кои ќе ги менуваме, затоа дадете поддршка и гласајте за Ацо Ристов за нов градоначалник, истакна лидерот на ВМРОДПМНЕ, Христијан Мицкоски од средбата со граѓани во Радовиш.

Новата иднина е да влеземе во Европската Унија, без уцени, без пазарења од кои ќе се срамиме, без да подголтнуваме и грутка во грлата кога ќе сведочиме за цената која сме ја платиле, како што тоа е сега, истакна тој.

 

Мицкоски потенцираше дека новата иднина е иднина на среќни луѓе, со сигурност, надеж и шанса.

Новата иднина е иднина на среќни луѓе, на сигурност, надеж и шанса. Во секој еден што го среќавам од неделата па наваму ја гледам таа искра на огромна надеж, а надежта во очите на народот е крикот дека доста е од поделби, од тешки времиња, криминали кои не се казнуваат, од арогантни политичари, од тоа да не се вреднуваат желбите и потребите на луѓето на чиј р`бет се носи оваа наша заедничка Македонија, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека на Заев не треба да му се верува кога говорел дека ја разбрал пораката од народот, додавајќи дека тој е спремен се да каже само за да ја зачува фотелјата која за него претставува моќ, власт и пари.

Македонија го нема времето да ја разбере Заев пораката од народот. Не наседнувајте на евтини трикови. Прочитан е. Тој сака да заборавите дека цели 52 месеци е власт, и досега најмалку 3 пати вели дека ја разбрал пораката и продолжува по старо. И тука ми е нејасно кога повеќе ја лажеше јавноста кога велеше дека се најдобри за вашата општина или сега кога вели дека разбрал што сака да каже народот? И не за џабе велам волкот го менува влакното, но карактерот не. Заев му гори под нозете и затоа имаме една подвоена личност, еднаш вели најдобар друг пат покајнички по трет пат вели разбрал порака, а во суштина не разбрал ништо. Тој е спремен да каже се што сакате да чуете само да ја задржи фотелјата која за него е моќ, власт и пари, дециден е Мицкоски.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Погледнете повеќе

Повеќе информации