Во рамките на предновогодишните активности на училиштето младите актери од оваа училиште се претставија со претставата „Девојчето и дванаесетте месеци“.
Програмата започна со изведбата на неколку музички инструментални точки на кој настапија музички таленти под менторство на Анита Ципушева, како и настап на ученици со неколку нумери на англиски јазик, а под водство на Билјана Иванова.
Во претставата „Девојчето и дванаесетте месеци“ учествуваа: Мартина,Тамара, Ѓорѓи, Ана Марија,Стефан, Димитар,Евгенија,Васил, Адријан, Лазе, Воислав, Христијан, Божидар, Златко, Константин, Ѓорѓи и Александра.
Темата на оваа безвременска македонска бајка наспроти алчноста, користољубието и злобата стои добрината, чесноста и убавиот збор кон секого.
Адаптација и режија: Верица Спасова Исаиловска и Томе Постолов. Избор на музика,тон и тонски ефекти,како и светло: Магдалена Коцева.
Богатата и одлична програма оваа вечер беше еден прекрасен момент за присутните во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш.