„МНР“ СО ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА, КАДЕ ШТО СЕ ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИ ОД РАДОВИШ

По сообраќајката во која се повредени патници од Радовиш, а која се случи вчера во Србија, македонското МНР излезе со официјални информации во кои соопштува дека повредени се 26 лица.


Во соопштението се додава дека сите биле згрижени и се надвор од животна опасност.

„Информираме дека се случи сообраќајна несреќа на патот Блаце- Белољин во Република Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник.

Во несреќата се повредени 26 лица, од кои 18 се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље.

Според информациите од лекарите, згрижените се надвор од животна опасност, додека едно лице во Прокупље е потешко повредено. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените”, се вели во соопштението на МНР.


„После пријавата за сообраќајна несреќа, односно информацијата дека се превртел автобус на патот Блаце – Бељолин, екипите на првата помош на здравствениот дом Блаце веднаш заминале на местото на несреќата и донесоа 18 повредени патника. Сите беа згрижени во здравствениот дом Блаце. Сите биле испратени во општата болница во Прокупље на понатамошно лекување.“ – изјавил д-р Радолуб Дуниќ – директор на здравствен дом Блаце.

Како што се гледаше на фотографиите и снимките од местото на несреќата, автобусот се превртел на делница која што не е асфалтирана и на којашто се извршуваат градежни активности.





 


 









 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации