МОЖЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ ПОРАДИ МИНИРАЊЕ НА ПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП КАЈ ПИЛАВ ТЕПЕ

Компанијата Страбаг АГ со своите подизведувачи  денеска од 12 до 15 часот ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, околу место викано Пилав Тепе, како дел од активностите за изградба на експресниот пат.

 


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Компанијата СТРАБАГ АГ ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, место викано Пилав Тепе во период од 12:00 до 15:00 часот на 16.07.2020

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

Погледнете повеќе

Повеќе информации