• Услови за користење
  • Импресум

МУСЛИМАНИТЕ ДЕНЕС ГО СЛАВАТ РАМАЗАН БАЈРАМ

Муслиманите во земјава денес го слават големиот верски празник Рамазан Бајрам.  

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокот на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.


 

Џамиите направија подготовки за молитвата за Рамазан Бајрам. На влезовите на џамиите треба да се поставени средства за дезинфекција. Внатре во објектите обележани местата со растојание каде што треба да бидат верниците за време на бајрамската молитва.

„Внимавајте на вашето здравје сè додека не се укинат целосно мерките наметнати од пандемијата која го зафати целиот свет бидејќи заштитата на здравјето е важна исламска верска обврска – рече Сулејман Реџепи, Поглавар на Исламската заедница во Македонија.

Молитвата требаше да зпочне во 05:46 часот во времетраење од 15 минути.

Искрени честитки за празникот Рамазан Бајрам од редакцијата на RadovisNews, “нека ви е честит вам и на сите членови на вашите семејства, на пријателите и најблиските“- ви посакува порталот  RadovisNews.


Related Articles

Временска прогноза