Здруженито на жени – Деница ја доби наградата „Слатки искушенија“ на Првиот кулинарски фестивал на Огледанта баница, селскиот труд и вкусниот воден лук кој се одржува во село Баница, Р. Бугарија.
На фестивалот кој се одржа по мотото: „Споделуваме вкусови-го споделуваме духот на пријателството“ Деница се претстави со традиционални радовишки специјалитети.
Фестивалот е посветен на баничкиот кромид и локалниот специјалитет трпезна баница која се приготвува со него. Се одржува за време на празникот на селото Мала Богородица.
Покрај домашните гастрономски специјалитети од Беласица, Пирин и Родопите, гостите имаа можност да ги вкусат и традиционалните јадења од југоисточниот регион на Македонија приготвени од здруженијата на жени од Радовиш, Конче, Дојран и Ново Село.
+ There are no comments
Add yours