Денес беше одржан прием на лицата кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во населените места во општина Радовиш, од страна на Градоначалникот Љупче Почивалец

Посакувајќи им многу здравје, среќа, бериќет и успеси на секое поле, Градоначалникот Почивалец на лицата им подари „Паметни часовници“.

Беа наградени следните лица: Ѓорге Милчев (Раклиш), Антонио Ѓоргиев (Ораовица), Александар Коцев (Подареш), Роберт Златков (Јаргулица), Столе Митев (Покрајчево), Ален Алексов (Злеово), Стефан Велков (Калуѓерица), Стефан Трајков (Ињево) и Благој Јанков (Смиланци).
Инаку подарокот (ЛЦД Телевизор) за лицето Филип Ристов, кое го фати крстот во Радовиш, беше доделен на самиот настан на 19.01.2026 год.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




