• Македонија
  • Услови за користење
  • Импресум

НАДМИНАТА БРОЈКАТА ОД 200 ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани  24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

 

 

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

[🔴Во живо] Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Gepostet von Венко Филипче am Donnerstag, 26. März 2020

 




 

Related Articles

Временска прогноза