Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали цената на бензините за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство да поевтинат за половина денар.
Новата цена на горивата важи од синоќа по полноќ.
Доколку точите ЕУРОСУПЕР БС-95 денес и во текот на целата оваа недела ќе го платите по цена од 69,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71,50 денари за еден литар. Согласно намалувањата, дизелот од полноќ ќе го точите по 61,5 денари за литар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 51 денари за литар.
Исто така, според Регулаторна се намалува и малопродажната цена на мазутот, со што тој ќе се продава по цена од 34,167 денари за килограм.
Инаку, минатата недела цената на горивата се зголемија за 1,5 денари и еден денар.