НАМАЛУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КАТАСТРОФИ ВО ОПШТИНИТЕ САНДАНСКИ И РАДОВИШ

Потпишан договор со Центарот за развој на Југоисточен плански регион за заедничка реализација на проект од Програмата за прекугранична соработка.

На 31 јули 2019 година во општина Радовиш од страна на Градоначаникот на општина Радовиш Герасим Конзулов и Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова се потпиша договорот за заедничка реализација на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со општина Радовиш ќе го имплементираат заедно со општина Сандански од Р. Бугарија.


Преку овој Проект ќе се уреди коритото на реката Сушица во должина од 670 метри и ќе се изврши пошумување и позеленување околу коритото со што ќе се направат чекори кон намалување на негативните последици од поплавите како и кон прилагодување на климатските промени во иднина. 


Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува 587.931,97 евра, каде општина Радовиш како наш партнер во проектот ќе обезбеди финансиски средства со сопствено кофинансирање во висина од 191.636 евра.

 

 

 


 







 






 

 



 




 

Погледнете повеќе

Повеќе информации