НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА НЕМА ДА ОДАТ ВО ГРАДИНКА!

Вчера Комисијата за заразни болести даде препорака Државниот санитарен и здравствен инспекторат да врши вонредни инспекциски надзори во градинките, за да спречат посета на деца кои не се вакцинирани со ДТП вакцина, Директорката на Инспекторатот, Рената Младеновска, излезе за да објасни дека немаат надлежности за да го проверат статусот на вакцини на децата.

Тоа го прави Министерството за труд и социјална политика, објасни таа, додавајќи дека Инспекторатот може само да ги казни родителите бидејќи за „х“ причина не ги вакцинирале децата. Препораката на КЗБ, Младеновска рече дека ќе ја спроведат кога ќе добијат одлука од Министерот за здравство дека ги прифаќа дадените препораки.

Младеновска рече дека досега изрекле неколку казни кои варираат од 300 до 650 евра. Има родители кои се согласуваат да ја платат казната, но има и такви кои завршуваат на суд.

Инаку Центарот за јавно здравје на 9 февруари во територијата на Скопје прогласи епидемија. Бројот на заболени од големата кашлица во Скопје достигна 141, а денеска се регистрирани 3 нови случаи. Од 15 март се очекува и вакцина против пертусис за постарите лица, а предложено е и тестирање за големата кашлица во целата земја. Пунктовите за вакцинација во Скопје работат во две смени.

 

Канал 5

 

 

*фото Архива



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации