НЕМА ЗАРАЗЕНИ УЧЕНИЦИ НА СКРИНИНГОТ ВО РАДОВИШ

Ниту еден ученик во основните и средните училишта во општините Штип, Радовиш и Карбинци не е позитивен на коронавирусот, информираше денеска Центарот за јавно здравје – Штип. Но скринингот покажа дека еден ученик во Пробиштип имал позитивен тест.

-На скринингот на ученици во основните и средните училишта во општина Штип, тестирани се 144 ученици, а вкупно со општините Карбинци, Радовиш и Пробиштип се 255 ученика. Во Пробиштип од тестирани 50 ученици, 49 се негативни, а еден е позитивен, при што е постапено согласно протоколот од страна на епидемиолошката служба, се вели во писменото соопштение од Центарот за јавно здравје-Штип

Посочуваат дека во општина Штип има 311 активни случаи на КОВИД-19, од кои 42 се ученици – 17 во основно и 25 во средно образование.

Во однос на старосните категории, посочува Центарот, од 0 до 9 години има седум инфицирани пациенти (2 отсто), од 10 до 19 години се 35 (11 отсто), од 20 до 29 години заразени се 25 (8 отсто), од 30 до 39 години има 36 (12 отсто), на возраст од 40 до 49 години инфицирани се 43 (14 отсто), од 50 до 59 години се 47 (15 отсто) и над 60 години се 119 инфицирани пациенти (38 отсто).

*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Погледнете повеќе

Повеќе информации