Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. УВ=7
Во Скопје претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град.
До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови