• Македонија
  • Услови за користење
  • Импресум

НОВА ВОНРЕДНА ИЛИ ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ

Четвртата по ред вонредна состојба, истекува в сабота на 14 јуни, до петок треба да се знае дали ке има нова.

„Ставот на Владата за вонредната состојба кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите“ – изјави вчера вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Владата на седница треба да расправа за предлогот на Комисијата за заразни болести за евентуална рестрикција на движењето. Ова на вчерашната прес-конференција го најави министерот за здравство Венко Филипче, посочувајки дека кластерската анализа покажала речиси сите нови случаи се поврзани со некаква форма на собир или прослава пред две недели.

Вчерашната седница помина со донесени измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

Состојба ќе влијае директно на изборите, така што ќе почекаме до петок каков ќе биде ставот на Владата за вонредната состоја, рече Османи на  прашање дали останува 5 јули за датум за одржување на изборите.


 

 

Related Articles

Временска прогноза