НОВА ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА ЗА ТППЕ РАДОВИШ

За прв општината инвестира сопствени средства во ТППЕ Радовиш

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, по повод 6ти Ноември  изврши примопредавање во употреба на еден дел од новата опрема на ТППЕ Радовиш во вредност од 2.650.000,00. денари.  Добиената техничка помош се состои од висококвалитетни изолациони апарти за дишење од германскиот производител Drаger,мобилни радиоврски, грбни прскалки, електрични и моторни пумпи за црпење вода,млазници и батериски лампи.

Вториот дел од опремата која се состои од високозаштитни комплет- одела, чизми и ракавици се очекува во најкус рок во согласност со процедурата за јавна набавка.  Опремата е според прописите и стандардите на ЕУ.  

Извор: Општина Радовиш





 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации