Вчера беше потпишан Меморандумот за соработка со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со кој се обезбедуваат средства за нови инвестиции во општинската патна инфраструктура.
Со средствата треба да се подобри патната поврзаност, безбедноста на сообраќајот и локалниот и државниот економски развој.
Преку аплицирање со проекти, а со директна парична помош од Владата, сите општини ќе можат да добијат средства за санација на локални патишта, улици и друга инфраструктура. Ќе бидат распределени 70 милиони евра, а Владата ќе овозможи сите општини да се стекнат со можност да добијат од 500.000 до 2 милиони евра, во зависност од проектот со кој ќе аплицираат.
Средствата се добиени преку проект за изградба и рехабилитација на локални патишта, како заем од Светска банка.
Информираат од Општина Радовиш