НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА НАШИТЕ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ

Следуваат домашни натпревари на нашите две фудбалски екипи кои се натпреваруваат во Втората фудбалска лига на Македонија.

ФК Детонит во Четврток, 25.04.2019 година со почеток од 16.00 часот на Градскиот стадион во Радовиш ја пречекува екипата на ФК Партизан од Обршани.

ФК Плачковица на домашен терен на Градскиот стадион во Радовиш ќе го одигра натпреварот со ФК Вардар од Неготино  , теминот за одигрување е 16.00 часот во Сабота 27.04.2019 година.

Веруваме дека овие два натпревари ќе бидат со позитивен резултат за нашите фудбалски клубови, бидејки и двата противници се на долниот дел од табелата.


Вчера беше одигран првенствениот натпревар на кадетската екипа на РК Радовиш, каде што нашите млади ракометари забележаа убедлива победа против врсниците од Пробиштип, екипата на РК Весна Акумулатори со резултат 31-18, полувреме 13-9.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 

 




 




 




Погледнете повеќе

Повеќе информации