НОВИ ЦЕНИ НА БЕНЗИНИТЕ ОД ПОЛНОЌ

Регулаторна Комисија за Енергетика донесе одлука за промена на цените на бензинот и дизелот.

Бензинот поскапува половина денар, а дизелот се намалува за истиот износ.

Еуросупер БС 95 е сега 69 денари, додека Еуросупер БС 98 71 денари за литар, а од друга страна Дизелот се продава за 61 денари по литар.

Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 50,50 денари литар.


Цените на нафтата во пад

Цените на суровата нафта во петокот се намалени поради загриженоста околу состојбата на глобалните прогресии и зголемените тензии на Блискиот исток.

Во Лондон цената на суровата нафта брент од Севернoто море е помала за 0,1 проценти и сега изнесува 63,25 долари по барел.

Во Њујорк, цената на светлата сурова нафта е помала за 1,1 проценти и моментално изнесува 56,72 долари по барел.






 






 

 



 




Погледнете повеќе

Повеќе информации