НОВИ ЧЛЕНОВИ И ЗАМЕНИЦИ НА ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашната седница го работеше случајниот избор на претседател, заменик, членови и заменици на општинските изборни комисии за локалните избори со мандат од пет години.

Вкупно ќе бидат избрани 810 членови на ОИК и на Изборната комисија на Град Скопје. Секоја ОИК ќе брои по десет членови, а најмалку 30 отсто од нив треба да се жени.

ДИК вчера на седницата усвои измени на Упатството и методологијата за избор на претседател, членови и нивни заменици на ОИК. Како што појасни заменик-претседателката на Комисијата Дитмире Шеху

ДИК за спроведување на член 21, став 2 од ИЗ во општините каде што живеат најмалку 20 отсто од граѓаните на другите заедници, каде се одразува принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници изборот ќе се изврши според национална припадност според пописот спроведен во 2002 година – изјави Шеху.

 

Членовите на Комисијата прифатија и измена на планот за јавни набавки и тоа делот на реконструкција на подрачните единици и канцеларии на ДИК, за набавка на возила и принтери. Најголем дел од средствата за реконструкција на подрачните единици и канцеларии на ДИК се обезбедени во соработка со ИФИМЕС, а со овие измени ДИК одвои 930.000 денари. За возила се одвојуваат еден милион денари, а за принтери 450.000 денари.

Според политичкиот договор, локалните избори во Македонија се очекува да се одржат во втората половина на октомври.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации