• Информатор
  • Услови за користење
  • Импресум

ОБЈАВЕН JАВЕН КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ПРИЗНАНИЈА И ПЛАКЕТИ ЗА 2020 ГОДИНА

Општина Радовиш објави Јавен Конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2020 година

 

Во Репението од Јавниот Конкурс се вели:

Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/2002), Градоначалникот на општина Радовиш донесе:

                          Р Е Ш Е Н И Е

за објавување на JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2020 година

  1. Се објавува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2020 година
  2. На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, организации од невладиниот сектор, образовни, спортски и културни установи и останати асоцијации на граѓани од општина Радовиш во сите сфери на општествениот и стопанскиот живот во општина Радовиш кои што постигнале вонредни резултати и успеси во својата дејност во 2020 год.
  • Потребни документи за поднесување се :

– Лични податоци за предложеното физичко или правно лице;

– Образложение за предлогот по конкурсот;

-Список на добиени награди и признанија во тековната 2020 година и копија од добиените награди (ако ги има добиено);

  1. Период за доставување на документите од 15.10.2020 год. заклучно со 27.10.2020 год.

Документите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2020 год.

Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани.

                      

                                                                                   Градоначалник: Герасим Конзулов

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза