Денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и Министерот за локална самоуправа Златко Перински го посетија Радовиш каде што присуствуваа на настанот по повод возобновувањето на претворањето на постојната стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со гостите од Владата направија обиколка на веќе започнатите инфраструктурни објекти, а беше организирана презентација на проект за реконструкција на Стоковна куќа, и проект за реконструкција на Центар за култура во Радовиш.

Би сакал да им честитам на граѓаните на Радовиш. Сите овие проекти, нека си ги користат со задоволство. Има уште проекти, тука нема да застанеме, знам дека ниту како општина, ниту како Влада. Многу како Влада, во изминатиот период, инвестираме во Радовиш, и ќе продолжиме да инвестираме во Радовиш.

Проектите ги кажа градоначалникот. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на градоначалникот, на ресорните министри коишто се со мене, како и на пратеничката, на администрацијата на Општина Радовиш, на советниците, на сите што заеднички работат и придонесуваат овие проекти да бидат готови, за да можеме ние како Влада да ги финансираме.

Јас само посакувам овие проекти побргу да бидат завршени, за да можат радовишани да ги користат. Како Влада, продолжуваме да градиме, затоа што тоа е нашата инспирација и цел. Македонија мора да се гради . Јас знам дека граѓаните имаат лоши спомени од минатото, чувствуваат гнев. Затоа што наместо да се гради, Македонија се крадеше. Сега имаме поинаква Влада, поинаква амбиција. И со таа посветеност продолжуваме да работиме. Честитки, и нека се множат уште повеќе успешни проекти.“ – истакна Премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот Перински изрази благодарност за проактивноста на градоначалникот и неговиот тим за подготовка на проектната документација и изрази надеж дека со исто, но и засилено темпо ќе продолжат во таа насока, а Владата ќе продолжи со поддршката за сите локални самоуправи.

„Радовиш немаше ваков центар во кој граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите потреби во делот на едукација, образование, култура, информации и многу други содржини кои ќе ги имаа во објектот, а кој ќе биде наменет за сите од 6 до 66, па и понатаму. Објектот ќе биде самоодржлив, затоа што ќе има такви содржини кои ќе го овозможат тоа“, изјави градоначалник Ристов кој изрази благодарност до Владата за дадената поддршка во реализација на проектот.

“Објектот „Стоковна куќа“, кој стоеше триесет години запуштен и запоставен, како нем сведок на транзицијата, со оваа реконструкција повторно ќе биде ставен во функција.” – информираше Премиерот  Христијан Мицкоски, дополнувајќи дека за остварување на проектот за реновирање и пренамена на стоковната куќа во Радовиш ќе бидат потрошени 223,075.612 денари.

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации