Оглас за вработување во Рудникот Бучим

Рудникот Бучим распиша огласи за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Ракувач на сорпција

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Врши разредување во процесот на сорпција;
  • Мери волумен потребен за разредување со помош на протокомер;
  • Ракува со вентили (рачни и со актуатор);
  • Следи ниво на технолошките садови за регенарција на колоните и буферите за готов регенерат;
  • Припрема раствори од натриум хлорид и кобалт сулфат;
  • Зема проби од продуктивен раствор;
  • Врши проверка на колони за истек на јоноизменувачка смола
  • Вршење на сродни задачи согласно квалификациите.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно стручно образование (хемиско-технолошка и геолошко-рударска и металуршка струка);
  • Способност за тимско работење
  • Познавање на работа со флуиди и садови со и без пристисок

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата
  • Обезбеден оброк
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Почетен договор на определено време со можност за продолжување

 

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00 – 18:00 часот
  • 18:00 – 06:00 часот

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], со назнака за оглас за “Ракувач на сорпција во РПЕ Лужење”. 

Краен рок за аплицирање е до 04.08.2024 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

 

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации