Општина Радовиш распиша оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2024 год. како и за спортски работник за повеќегодишна работа
Во објавениот ОГЛАС се вели:
Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2024 година, да пријават кандидати на Јавниот оглас.
Рокот за доставување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 03.02.2025 год.
Пријавите се поднесуваат на адреса: ЕЛС општина Радовиш
Комисија за култура, образование и спорт, Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш, Или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : За избор на спортист на годината
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови