Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конузлов денес беше во обиколка и посета на Градскиот стадион во Радовиш каде што се одвиваат градежни работи околу оградување и уредување на соблекувалните на стадионот.
Средствата обезбедени за овие градежни работи се во вредност од 14.000 евра, а се обезбедени половина од општина Радовиш и Рудникот Бучим.