Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој од страна на УНЕСКО како таков го има прогласено во 1999 година а една година, подоцна е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.
Во светот денес се зборува на околу 6.500 јазици, а на половина од нив, во многу делови од светот им се заканува изумирање и исчезнување. Конкретно, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици.
Јазиците кои се зборуваат во една земја, а особено јазиците на малцинствата како што имаме случај и во нашата татковина, Република Македонија, пренесуваат култура, вредности и традиција и затоа играат огромна улога во создавање одржлив развој и иднина на секоја заедница па и на нашата.
Поаѓајќи од ова, како културно образовна установа, го организираме одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со сооодветни лица поврзани со лингвистиката, а тоа се, пред се: предавачот на денешнава тема Проф. Д-р Димитар Пандев.
На Филолошкиот факултет и се разбира во својство на слушатели на трибината, поголемиот број на актуелни професор по македонски односно мајчин јазик во петте основни и единственото средно училиште во Општина Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови