Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Радовиш од 19-25 Ноември ја одбележува „Неделата за грижа на старите лица“.
Под мотото „Сите ние сме нивни деца“ , на ден 21.11.2018год (среда) Волонтери од Клуб на млади при ООЦК Радовиш, беа во посета на домот за стари лица каде покрај тоа што запознаа со корисниците од домот, на истите им беше измерено и шеќер во крвта.
Целта на одбележувањето на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потребата за обезбедување на грижа и помош на старите лица.