• Услови за користење

СО МНОГУ АКТИВНОСТИ БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАНА “НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО“ ВО ГРАДИНКИТЕ „АЦО КАРАМАНОВ“

На ликовната колонија на отворено децата користејќи ја својата креативност и фантазија цртаа на платно, на хамер, а имаше и други нестандардни техники на ликовното изразување.

 

Од 30.09.2019 год. до 04.10.2019 год. со низа пригодни активности во Јавната установа Детска градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш беше одбележана Светската недела на детето.

Децата имаа можност да се дружат со преостанатите другарчиња на есенскиот ден организиран во блиската околина. Ја имаа честа да бидат посетени од страна на градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов. 

На ликовната колонија на отворено децата користејќи ја својата креативност и фантазија цртаа на платно, на хамер, а имаше  и други нестандардни техники на ликовното изразување. Пораките и паролите за децата и оваа година беа составен дел од нивното празнување на Недела на детето. За крај децата уживаа во театарски претстави, реализирани од воспитно-згрижувачкиот кадар.

За прв пат на ниво на клон беа спроведени и проектни активности:

  • „Мултикултурализам“ во објект Детско изворче ,
  • „Во здраво тело здрав дух“ во објект Цветови ,
  • „Чиста средина здрава околина“ во објект Управна зграда и
  •  „Домашни животни околу нас“ во с.Подареш.

 

Подготви: Радмила Гиевска

Превземено од МРТ

 

 


Related Articles

Временска прогноза